Угриновски до Спасовски: Зошто ја забрани прославата на „Македонија-Бојкотира“ пред Собранието на петгодишнината од големата референдумска победа?


02.10.2023 | 15:20:56 | Прес Конференции


Угриновски до Спасовски: Зошто ја забрани прославата на „Македонија-Бојкотира“ пред Собранието на петгодишнината од големата референдумска победа?

 Изјава, Национален Блок „Македонија-Бојкотира“
Драган Угриновски, координатор на „Македонија-Бојкотира“
Скопје, понеделник, 2 октомври 2023 година

Почитувани,

-„Поминаа два дена, а полицискиот министер Оливер Спасовски сеуште молчи зошто ја забрани прославата на петгодишнината од големата референдумска победа во организација на Националниот Блок „Македонија-Бојкотира“.

Настанот како Координатор на „Македонија-Бојкотира“ лично го пријавив во МВР на ден 25 септември. Настанот беше закажан за 30 септември пред Собранието во периодот од 18:00 до 20:00 часот.

Меѓутоа, Спасовски дал наредба да се забрани настанот и во тој период камиони на полицијата и армијата донесоа велосипедисти на местото каде што бевме најавени. Полицијата не ни дозволи да поставиме бина и озвучување и народот кој масовно доаѓаше на местото на настанот не му беше дозволен пристап.

Затоа, во име на „Македонија-Бојкотира“ сакам да се извинам на граѓаните за неодржувањето на овој настан. Но, тоа не беше по наша вина, Собирот го забрани Спасовски.

Ја користам оваа прилика да и порачам на власта, нашата борба продолжува се до поништувањето на преспанскиот договор“.

Ви благодарам,