Единствена Македонија до Хан: Ако не е сериозно да се даде точен датум за прием, дали е сериозно 30 години ЕУ да ја лаже и уценува Македонија за прием


16.09.2023 | 11:15:27 | Соопштенија


Единствена Македонија до Хан: Ако не е сериозно да се даде точен датум за прием, дали е сериозно 30 години ЕУ да ја лаже и уценува Македонија за прием

Единствена Македонија ја смета за длабоко навредлива изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан дека не е сериозно да се дава точен датум за прием во ЕУ.

Го потсетуваме Хан дека гаранциите што ги бара Македонија за прием во ЕУ не се поради некаква желба на Македонија да ги менува процедурите за членство во ЕУ, туку се резултат на опасните условувања и закани на патот на Македонија кон ЕУ во однос на редефинирањето на македонската нација, идентитет, јазик, историја и култура.

Ја користиме приликата да го прашаме Јоханес Хан, доколку не е сериозно да се бара точен датум за прием во ЕУ, дали е сериозно 30 години ЕУ да лаже и да бара бројни отстапки од Македонија на патот кон ЕУ, и тоа не било какви отстапки, туку отстапки кои се однесуваат на националниот карактер на македонскиот народ и македонската држава.

Но, во интерес на вистината, мора да признаеме дека вината не треба да ја бараме кај Хан или бирократите во Брисел, туку коренот на злото за Македонија и Македонците е во домашните марионетски власти кои безрезервно ги прифаќаат сите условувања од Брисел мислејќи дека така ја импресионираат европската јавност иако за возврат државата се повеќе тоне во национално обезличување.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 16 септември 2023 година