Делегација на Единствена Македонија оддаде почит на партизаните од Егејска Македонија во граѓанската војна во Грција


08.09.2023 | 20:24:46 | Соопштенија


Делегација на Единствена Македонија оддаде почит на партизаните од Егејска Македонија во граѓанската војна во Грција
Делегација на Единствена Македонија во состав од претседателот Јанко Бачев и членовите на Извршниот комитет Вангле Симев, Ацо Николовски и Драган Угриновски, денес, 8 Септември 2023 година во Катлановска бања положи цвеќе на паметникот подигнат во знак на сеќавање на загинатите и ранетите партизани од Егејска Македонија кои се лекувале во оваа бања за време на Граѓанската војна од 1946-1949 против монархофашистите во Грција.
Настанот беше во организација на Форумот за човекови права на Македонците од Егејскиот дел на Македонија и претседателот и секретарот на Формуот, Ташко Јованов и Александар Ѓоргиев.
Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 8 Септември 2023 година