Бачев на гробот на Леонид Јанков: Единствена Македонија никогаш нема да ја предаде крвта на Македонците кои ја пролеаја за Македонија


02.09.2023 | 16:44:00 | Прес Конференции


Бачев на гробот на Леонид Јанков: Единствена Македонија никогаш нема да ја предаде крвта на Македонците кои ја пролеаја за Македонија

По повод 118 години од смртта на македонскиот револуционер Леонид Јанков, денес, 2 септември 2023 година, претставници на Единствена Македонија положија цвеќе на неговиот гроб во Гевгелија.

На настанот присуствуваше и претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев кој истакна:

 

-„Денеска дојдовме да положиме цвеќе и да оддадеме почит на големиот македонски револуционер, војвода, учесник во Македонското револуционерно движење и учесник во Илинденското востание, гевгелискиот војвода Леонид Јанков.

Во тоа време како на филмско сценарио се одвиваатт речиси сите убиства на македонските револуционери. Предадени од доушници, влегуваат во борба со нерамноправниот турски аскер, им снемува муниција и исправени пред изборот -  дали да умрат или да се предадат, одлучуваат да се самоубиваат.

 

Таква била судбината и на Леонид Јанков, опкружен со силниот аскер во нерамноправна борба со последниот куршум си го одзема животот.

Ние оваа генерација Македонци имаме силна обврска да го почитуваме нивното дело, посебно во ова тешко време за Македонија кога е окупирана од марионетска власт инсталирана од странство, со цел, да избрише се што е македонско.

 

Можам да се заветам тука од ова историско место дека ние во Единствена Македонија никојпат нема да ја предадеме крвта на илјадници Македонци кои ја пролеаја за Македонија.

Нека е вечен споменот на Леонид Јанков!          
Нека е вечна Република Македонија!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 2 септември 20203 година