Бачев: Скандал, империјалистичкото ЕВН ја исклучи струјата во партијата поради нашата определба дека ќе го вратиме во сопственост на државата


01.09.2023 | 15:02:35 | Прес Конференции


Бачев: Скандал, империјалистичкото ЕВН ја исклучи струјата во партијата поради нашата определба дека ќе го вратиме во сопственост на државата

Изјава, Единствена Македонија
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Скопје, петок, 1 септември 2023 година

-„Сакам да ја информирам јавноста за скандалозното и незаконско исклучување на струјата во партиското седиште на Единствена Македонија од страна на ЕВН.

Велам, скандалозно и незаконско од најмаку две причини:

 

Прво, Единствена Македонија до денешен ден нема ниту една, повторувам, ниту една неплатена сметка спрема ЕВН, и второ, што е по проблематично и многу опасно, според нашите сознанија, ние сме исклучени поради нашата партиска определба која постојано ја промовираме во јавноста дека доколку Единствена Македонија биде дел од народната власт после наредните избори, ЕВН ќе биде вратена во сопственост на државата.

Во меѓусебните дописи со ЕВН, известени сме дека сме исклучени наводно за некаков долг за камата од 3.100 денари. Меѓутоа, тоа е само параван, во нашата преписка јасно им кажуваме дека доколку има таков долг уште утре да отидат на извршител и да го наплатат.

Меѓутоа, тоа е само параван, позадината е нашата партиска определба дека ЕВН ќе биде вратена во сопственост на државата како што ќе биде и Телеком и Топлификација, бидејќи, во сиот нормален свет овие компании се од стратешки интерес и доминантна сопственост на државата, дотолку повеќе што имаат и социјална компонента спрема државата.

ЕВН претера. Оваа банда империјалистичка од Австрија мора да биде запрена. Домашните јаничари кои што ја помагаат и вршат грабеж врз граѓаните, сега видовме дека ЕВН почна да се пресметува и со домашни политички партии што е скандалозно и незамисливо.

Затоа, ветувам дека доколку Единствена Македонија биде дел од народната власт на наредните избори, оваа зграда што ја гледате тука повторно ќе биде вратена во сопственост на државата.

Ви благодарам,

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 1 септември 2023 година

Медиуми:

Макфакс

Опсеревер

Прес 24

Независен

МНет

Утрински весник

Тајм

Грид

Дејли