Единствена Македонија: Ковачевски на Блед да побара реафирмирање на Бледските спогодби Тито-Димитров од 1947 кои се модел за трајно решение на македонско бугарските проблеми


27.08.2023 | 13:34:11 | Соопштенија


Единствена Македонија: Ковачевски на Блед да побара реафирмирање на Бледските спогодби Тито-Димитров од 1947 кои се модел за трајно решение на македонско бугарските проблеми

Јавноста слушна дека Димитар Ковачевски денеска и утре ќе учествува на Бледскиот стратешки форум во Блед, Словенија на кој ќе учествуваат и претседателот на европскиот совет Шарл Мишел и премиерите на Словенија, Хрватска, Србија, Албанија, Бугарија, Црна Гора, Косово и БиХ.

Единствена Македонија го повикува Димитар Ковачевски да го искористи престојот на Блед и да ги запознае соговорниците со одлуките на историската Бледска конференција одржана на 30 и 31 јули и 1 август 1947 година. Станува збор за „Бледските спогодби“ Тито - Димитров од историско значење за Македонија, македонскиот народ а особено за Македонците во Пиринска Македонија.

Во овој контекст, Ковачевски на средбата со бугарскиот премиер Николај Денков на Блед да побара воспоставување на македонско-бугарските односи врз основа на „Бледските спогодби“ од 1947 година кои претставуваат цврста основа за трајно пријателство и соработка меѓу македонскиот и бугарскиот народ.

Единствена Македонија верува дека Ковачевски и Денков на Блед ќе ја зграпчат шанстата за реафирмирање на решенијата од историската Бледска конференција од 1947 година како модел за трајно решение на македонско-бугарските проблеми.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 27 август 2023 година