Преображение Господово и Преображение на Македонија


22.08.2023 | 17:29:37 | Колумни


Преображение Господово и Преображение на Македонија

Колумна, Единствена Македонија 
Емилија Гелева, претседателка на Унијата на жени и член на Извршниот комитет 
Скопје, вторник, 22 август 2023

Ништо во Вселената (Во Селената - Светлината) не е случајно. Така, не беше случајно ни закажувањето на седница на македонскиот Парламентот од страна на терористот Таљат за ставање во Уставот на новокомпонираните 3000 блгарчета. И тоа токму на 18-ти август.

Сите се чудеа зошто баш тој ден, плус среде августовски одмори. Е тој ден беше одбран за светските шефови на Таљат да можат на 19-ти август, денот на Господовото Преображение, конечно да го прослават Преображението на Македонија во едно големо НИШТО.

Ама, како што вели македонскиот народ, како е Господ никој не е! И Светлиот Господ им даде ум и сила на Македонските опозициски пратеници во Парламентот да го запрат тоа претворање на Македонија во ништо!

Тие, пак, не смеат по никоја цена да ја сметнат од умот волјата Божја и за понатаму! Затоа, вие мили Македонци чии срца треперат од долгогодишните небиднини и политички тортури на странските и домашните душмани, бидете горди за ова Преображение на Македонија!

И не се сомневајте дека така и ќе продолжи, не бидете неверен Тома кој мораше прстите во телото на Исус Христос да ги стави за да верува дека бил распнат! Вербата дека Господ Исус Христос Воскреснал треба да е силна и без допирање на неговите рани.

Вербата во Преображението на Македонија треба да е силна и чиста како солза за да биде добра енергија што ќе ги додржи пратениците да истраат до крај, а кои по Божја промисла се во Парламентот токму во оваа временска даденост.

Затоа, да им одадеме признание и почит за тоа што го направија во очи на Преображение! Не бидете паднати и неверни и не се сомневајте во нив и кога нема причина! Мислете само на зачувувањето на Македонија и на нас Македонците!

Македонскиот народ со илјадници години верува во Преображението. За тоа сведочат многуте народни преданија како она дека спроти празникот „Преобрʼжеʼјне се отворало небото и било светло како оган“.

Во врска со овој празник се верувало и оти „ноќта спроти Преображење се јавуе на небото Божја врата, се отвора небото, сам Господ се јавуе. Кој шчо је праф човек, може да је види Божја врата и, шчо да посака, му дава Госпот, ама вратата стои малку време отворена.

Оние што во срцата ја имаат истетовирано Македонија и што беа будни ноќта на Преображение знаат дека таа ноќ Господ даде Македонија да воскресне одново и одново засекогаш!