Единствена Македонија: Мицотакис му кажа на Зеленски дека е против кршење на меѓународното право, Ковачевски вечерва да побара од Мицотакис почитување на меѓународното право спрема Македонците


22.08.2023 | 10:37:43 | Соопштенија


Единствена Македонија: Мицотакис му кажа на Зеленски дека е против кршење на меѓународното право, Ковачевски вечерва да побара од Мицотакис почитување на меѓународното право спрема Македонците

Единствена Македонија ја поздравува изјавата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Грција е против кршењето на меѓународното право.

Затоа, го повикуваме Димитар Ковачевски вечерва на заедничката вечера во Атина на лидерите од Западен Балкан и Шарл Мишел и Урсула фон де Лајен од ЕУ, јавно да побара од Мицотакис почитување на меѓународното право спрема Македонија и Македонците од страна на Грција.

За таа цел, мудро е Ковачевски вечерва да му каже на Мицотакис дека го крши меѓународното право со т.н. преспански договор со кој се менува името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ и дека овој договор мора да се поништи бидејќи е во спротивност со меѓународно право. Исто така, Ковачевски да го потсети Мицотакис дека Грција според меѓународното право е во обврска да ги почитува националните права на Македонците во Егејска Македонија бидејќи Грција е потписник на повеќе меѓународни акти за заштита на овие права.

Центар за комуникациина Единствена Македонија
Скопје, вторник, 22 август 2023 година