Бачев го честита денот на АРМ: Со насилното членство во НАТО, Армијата е ставена на погрешна страна на историјата


18.08.2023 | 13:09:33 | Соопштенија


Бачев го честита денот на АРМ: Со насилното членство во НАТО, Армијата е ставена на погрешна страна на историјата

Честитка, Единствена Македонија
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија  
Скопје, петок, 18 август 2023 година

-„Почитувани припадници на Армијата на Република Македонија, дозволете најпрвин да го честитам денешниот празник и да ја потенцирам вашата континуирана посветеност во заштитата на територијалниот интегритет на државата.

На денешен ден во 1943 година е формирана првата воена единица на НОВ, „Мирче Ацев„ во славната Дебарца која прерасна во македонска војска која заедно со славната советска Црвена Армија се избори за слобода на нашата држава и победа над фашизмот.

Денеска, 80 години подоцна во услови кога е избришана историјата на македонската армија со бришењето на АСНОМ и Илинден, ова е тажен и опасен ден за македонските војници бидејќи се ставени на погрешната страна на историјата.

Марионетската власт во Скопје очајнички и насилно по секоја цена ја турна Република Македонија во НАТО со што македонските војници ќе се користат како топовско месо и нејзината територија како НАТО база во интерес на геноцидни проекти на НАТО со кои се рушат држави и народи во светот.

Војниците во Армијата на Република Македонија да бидат спокојни. Доаѓа ново време, врема на  нови геополитички околности во светот и во регионот, време на држави базирани на националниот и државниот суверенитет а во чии рамки националните и патриотските сили во Република Македонија ќе ја спречат оваа налудничава идеја на марионетската власт во Скопје и нема да дозволи македонски војници во рамките на НАТО да гинат за туѓи цели.

Дозволете ми уште еднаш, почитувани претставници на Армијата, од мое лично име и од име на Единствена Македонија да го честитам Денот на Армијата“ - се нагласува во честитката од Бачев по повод Денот на Армијата.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 18 август 2023 година