Единствена Македонија до министерката за труд: Не филозофирај со политички флоскули туку реши ги праведните барања на пензионерите


15.08.2023 | 14:02:29 | Соопштенија


Единствена Македонија до министерката за труд: Не филозофирај со политички флоскули туку реши ги праведните барања на пензионерите

Единствена Македонија ја осудува денешната изјава на министерката за труд и социјална политика дека пензионерите протестираат бидејќи биле политизирани, манипулирани, лажени...

Изјавата на министерката е голема навреда за пензионерите кои протестираат, бидејќи тие низ своето богато животно искуство поминале се и сешто, за да сега министерката ги третира навредливо како малолетни и недоветни кои ги манипулираат.

Цела Македонија гледа дека единствено правилно, чесно и човечко решение е линеарното зголемување на пензиите со што ќе покажеме вистинска грижа за нашите највозрасни граѓани. Пензионерите кои ја граделе оваа држава заслужуваат да имаат достојна старост.

Пензионерите имаат јасни и конкретни барања. Нека повели министерката да ги реши наместо да филозофира со политички флосули кои се навредливи за пензионерите. Ние, граѓаните, наивно сме верувале дека имаме министерка која се грижи за нашите највозрасни граѓани. Па, кој, тогаш ќе ги навредува и омаловажува пензионерите?!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 15 август 2023 година