Јакимовски: Пензионерите заслужуваат да живеат а не да преживуваат и затоа ќе го подржиме утрешниот пензионерски протест


13.08.2023 | 13:02:51 | Прес Конференции


Јакимовски: Пензионерите заслужуваат да живеат а не да преживуваат и затоа ќе го подржиме утрешниот пензионерски протест

Изјава, Единствена Македонија
Кристијан Јакимовски - Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 13 август 2023 година

Почитувани,

Ја информираме јавноста дека Извршниот комитет на Единствена Македонија на синоќешната седница донесе одлука да го подржи протестот на пензионерите за линеарно зголемување на пензиите.

Револтот на најголемиот број од 330.000 пензионери во земјата е целосно оправдан, бидејќи, процентуалното зголемување на пензиите е во корист само на мала група пензионери со високи пензии а на штета на најголемиот број пензионери.

Затоа, единствено чесно и човечко решение е линеарното зголемување на пензиите со што ќе покажеме вистинска грижа за нашите највозрасни граѓани.

Единствена Македонија како партија ја споделува маката со најголемиот број на пензионери во ова тешко време на постојано зголемување на цените.

Затоа, ги повикуваме членовите и симпатизерите на Единствена Македонија, македонскиот народ и државјаните на Македонија да дојдат на протестот во борбата за достоинствена живот на пензионерите.

Протестот на пензионерите за линеарно зголемување на пензиите ќе се одржи утре, понеделник, 14 август во 11:00 часот.

Пензионерите заслужуваат да имаат достојна старост.

Пензионерите кои ја граделе оваа држава заслужуваат да живеат, а не да преживуваат.

Ви благодарам,

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 13 август 2023 година