Единствена Македонија: СДСМ го губи компасот, тие се власт а денеска побараа опозицијата да го штити уставниот поредок во Тетово и Чаир


12.08.2023 | 14:25:28 | Соопштенија


Единствена Македонија: СДСМ го губи компасот, тие се власт а денеска побараа опозицијата да го штити уставниот поредок во Тетово и Чаир

Единствена Македонија изразува згрозеност и шокираност од денешната реакција на владеачкиот СДСМ кон ВМРО-ДПМНЕ, со која, замислете, ја упатува опозицијата сите прашања околу вчерашните противуставни настани во Скопје и Тетово да ги бара од опозициските албански партии Беса и Алтернатива.

Ова е само по себе скандал. Власта бара од македонската опозиција да го штити уставниот поредок во Тетово и Чаир иако власта е таа која треба да реагира преку својот механизам кој го понаваме како Министерство за внатрешни работи и разни безбедносни агенции под контрола на власта.

Со ваквиот чекор станува појасно дека СДСМ го губи компасот и заборава дека  е власт во државата. Наместо жесток одговор против антимакедонските фактори од албанското малцинство во земјата во содејство со политичари од Косово, власта на СДСМ го прави спротивното и во денешната реакција бара македонската опозиција да го даде одговорот на ваквите во основа антимакедонски активности.

И од СДСМ да е, е премногу. Ова лудило мора да престане. Државата не смее да остане во рацете на неспособен премиер утврдено од најрелевантно место - соодветна лекарска комисија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 12 август 2023 година