Угриновски: Срамни се подземните игри на власта и кодошењето од Пендаровски до српските служби против Единствена Македонија по повод Илинден и АСНОМ


04.08.2023 | 12:34:06 | Прес Конференции


Угриновски: Срамни се подземните игри на власта и кодошењето од Пендаровски  до српските служби против Единствена Македонија по повод Илинден и АСНОМ

Прес конференција, Единствена Македонија
Драган Угриновски, член на Извршниот комитет на Единствена Македонија
Скопје, петок, 4 август 2023 година

Почитувани присутни,

Со денешната прес конференција сакаме да ја запознаеме јавноста со подземните игри на марионетската власт спрема Единствена Македонија по повод големиот национален празник Илинден и АСНОМ.

Како што е познато, поширока делегација на Единствена Македонија еден порано, на 1 август беше на Мечкин Камен, бидејќи не сакавме наредниот ден да даваме легитимитет на марионетската власт и Талат Џафери од терориситчката ОНА.

После положувањето цвеќе на Мечкин Камен, кога делегацијата на партијата тргна кон Крушево, повеќе полициски службеници го запреа едно од нашите возила во кое беше претседателот на партијата Јанко Бачев под изговор дека ќе прават алко-тест.

По барање до полицајците да кажат на основа на кои сомненија преземаат такво нешто, полицајците останаа збунети поради што одлучно одбивме и тргнавме кон Крушево игнорирајќи ги полициските повици. Следеше повик до полицајците на влезот Крушево да го запрат возилото мислејќи дека сме се дале во бекство, но полицијата остана повторно збунета кога тргнавме кон центарот на градот каде имаше голем број на полицајци.

При повторната контрола објаснивме за што се работи и потенциравме дека сме спремни да одиме во болницата и преку крвна анализа да правиме алко-тест кој ако се покаже негативен ќе биде непријатно за полицајците и нивните наредбодавачи од централата во Скопје. По ова, документите ни беа вратени и полицајците ги снема и слободно продолживме со нашата програма во Крушево.

Ни стана јасно а покасно потврдиме и од наши извори во полицијата дека се работело за перфидна местенка да се прави алко тест на претседателот Бачев на отворен простор  и лица од тајната полиција кои постојоано го следеа нашето движење да направат фотографии и да ги пуштат во јавноста за наводна алкохолизираност на претседателот Бачев при положувањето цвеќе на Мечкин Камен.

Наредниот ден, 2 август, со четири мини-буса и 100 члена делегација тргнавме на одбележувањето на АСНОМ во „Прохор Пчињски“. Да потсетам, Единствена Македонија лани ја обнови традицијата за АСНМ во Прохор Пчињски. Годинава на 2 август повторно бевме таму како што доликува, на местото на историјата. Марионетата Пендаровски и лани и годинава сакаше да го засени нашиот настан, со тоа што годинава власта во заднина водеше подземни игри.

Имено, тајната полиција цело време не следеше и по свртувањето после Куманово накај „Прохор Пчињски“ бевме запрени и беше дадена наредба за првиот претрес лично на секој од нас и на возилата. Бевме третирани како терористичка организација. Но, наместо оружје со кое ќе сме го убивале марионетата Пендаровски, најдоа чипсови и смоки. За сето ова постои и видео запис.

Од кај Куманово до границата има 12 километри а патуваме 5 часа оти после секој изминат километар одново и одново ни правеа претреси како да сме најголеми терористи. Кулминацијата беше кодошењето од Пендаровски до српските безбедносни органи дека сме безбедносен ризик за неговото патување во Прохор Пчињски и мерките спрема нас продолжија и во манастирот од српските безбедносни органи.

Српксите безбедносни органи пред манастирот не држеа дополнително три часа во обрач  опколен со полиција само поради кодошењето од Пендаровски дека сме безбедносен ризик. Патем да спомнам и за жалната слика кога лица од кабинетот на Пендаровски бараа на српската граница да ни бидат запленети македонските знамиња со шеснаесеткракото сонце и нашите партиски знамиња бидејќи биле провокација, додека српските полициски службеници на границата го велеа спротивното дека овие знамиња не се никаква провокација за Србија и дека тоа се македонски знамиња.

Единствена Македонија со чудење и жалење гледа на овие перфидни сценарија на марионетската власт преку македонската јавна тајната полиција. Власта мора е во очај што се служи со такви игри. Ова е уште еден аргумент дека на Македонија и треба темелна промена во безбедносните служби за да направиме Служба која ќе биде во интерес на народот и дражавата а не служба која ги следи и прислушува политичките неистомисленици.

Но, за ова и многу други работи од интерес за народот потребно е на наредните избори кога и да  се одржат да дојдат националните и патритотските сили кои ќе ја вратат државата назад, како национална држава на македонскиот народ со гарантирана положба на малцинствата според меѓународното право.

Единствена Македонија ги прави очекуваниот потези, сега на ред е народот.

Благодарам,

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 4 август 2023 година