Илинденска честитка од Бачев: Дојдовме еден ден порано, не сакаме да даваме легитимитет на марионетската власт и Талат Џафери од терористичката ОНА


02.08.2023 | 17:33:01 | Прес Конференции


Илинденска честитка од Бачев: Дојдовме еден ден порано, не сакаме да даваме легитимитет на марионетската власт и Талат Џафери од терористичката ОНА

Изјава, Единствена Македонија
проф.д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Крушево, Мечкин Камен, вторник, 1 август 2023 година.

-„Во мое лично име и од име на Единствена Македонија, на македонскиот народ и државјаните на Македонија им го честитам големиот празник Илинден. Дојдовме денеска тука на Мечкин Камен  еден ден порано, бидејќи не сакаме утре да бидеме заедно во друштво на Талат Џафери.

Илинден е премногу важен за Македонија и Македонците, за да утре дадеме легитимитет на марионетската власт и на Талат Џафери од терористичката ОНА кои што во 2001 година сакаа да ја срушат Македонија.

Нашата битка против непријателите на македонското дело мора да продолжи.  Меѓутоа, низ моите бројни средби низ Републиката слушам дека луѓето биле уплашени како изговор да не се бориме.  Но, сакам да ве уверам мои Македонци и Македонки, ако дозволиме државата да се сруши, утре може да се разбудиме во некое ново државно-правно уредување, дали бугарско, српско, албанско, грчко или било какво друго уредување, но, тогаш верувајте ми, многу повеќе ќе се плашиме бидејќи ќе живееме во туѓа држава и нема да бидеме свои на своето.

Затоа, нашата битка мора да ја продлжиме. Да ве потсетам, не им било лесно и на храбрите Илинденци, можеле и они да си седат дома, да не одат во планините и да се плашат. Меѓутоа, ако било така, денеска ќе ја немавме Македонија.

Од ова место можам да ветам дека Единствена Македонија секогаш ќе биде на страната на Македонија, нашата земја, нашата татковина. Никогаш нема да ја предадеме крвта на илјадници Македонци и Македонки кои ја пролеаа за нашата Македонија. Мора да ја продолжиме нашата битка и да си ја вратиме државата назад- национална држава на македонскиот народ со гарантирана положба на малцинствата според меѓународното право. Заедно ќе ја победиме битката со македонскиот народ. Битката секогаш се победува со народот. Нека ни е честит и вечен Илинден, да ни е вечна Република Македонија“.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 1 август 2023 година