Извршниот комитет на Единствена Македонија ја усвои Програмата за Илинден и АСНОМ: На 1 Август на Мечкин Камен, на 2 Август повторно во Прохор Пчињски


23.07.2023 | 12:19:24 | Соопштенија


Извршниот комитет на Единствена Македонија ја усвои Програмата за Илинден и АСНОМ: На 1 Август на Мечкин Камен, на 2 Август повторно во Прохор Пчињски

Извршниот комитет на Единствена Македонија на синоќешната седница ја усвои Програмата за одбележување на Илинден и АСНОМ.

Според Програмата, како и години наназад, поширока делегација на партијата на 1 август, ден порано ќе биде на Мечкин Камен, бидејќи не сакаме утредента да бидеме во исто друштво со претставниците на марионетската власт во Скопје. Исто така, членови на Единствена Македонија ќе бидат дел од Коњаницата која ќе замине за Крушево.

На 2 август поширока делегација на Единствена Македонија составена од претседателот, членовите на Извршниот комитет и претседателите општинските комитети повторно како и лани ќе биде во „Прохор Пчињски“. Да потсетиме, Единствена Македонија лани ја обнови традицијата за враќање на прославата на „АСНОМ“ во „Прохор Пчињски“ која беше прекината пред триесетина години по немилите настани спрема Македонците кои тогаш дојдоа во манастирот да го прослават АСНОМ. Единствена Македонија и годинава ќе биде таму каде е нашето место како Македонци, на местото на историјата.

Единствена Македонија во духот на својата декларација од 15 декември 2019 за прогласување на партијата за историски наследник на историското ВМРО, Илинден и АСНОМ секогаш ќе биде на страната на македонскиот народ. А што може да се очекува од една партија која во основа се бори за одбрана и заштита на македонските национални и државни интереси.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 23 јули 2023 година