Бачев до Агелер: Сакаме да видиме црна листа за тие кои по задача донесоа два века затвор за 27 април, за исто дело 8 месеци кај вас а 15 години затвор кај нас


21.07.2023 | 11:21:14 | Соопштенија


Бачев до Агелер: Сакаме да видиме црна листа за тие кои по задача донесоа два века затвор за 27 април, за исто дело 8 месеци кај вас а 15 години затвор кај нас

Обраќање, Единствена Македонија
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Скопје, петок, 21 јули 2023 година

Драга амбасадорке,

-„Слушнав за вашите црни листи за поединци во земјата поврзани со грабежот и пљачката на народот. Среќен сум што Вие лично, вашиот тим во Амбасадата и официјалните лица во САД сте фокусирани на корупцијата во земјата. Но, има прашања и во правосудниот систем за вашата листа на санкции да биде проширена.

Просечниот Македонец, драга амбасадорке, за осудата од осум месеци затвор за немирите во американскиот парламент и осудата од по 15 години затвор за немирите во македонскиот парламент, сеуште залудно бара логично објаснување за овие недоследности. Тој залудно се обидува да пронајде објаснување како е можно за иста правна и фактичка ситуација, во САД да се изрекува затворска казна од осум месеци а во Македонија казна затвор од 15 години.

Драга амбасадорке, и ти и јас, добро знаеме дека лицата за 27 април се осудени на два века затвор по задача и според логиката на политиката а лицата за настаните во американскиот парламент се судат според логиката на правото.

Верувам дека ќе се согласите дека едно повторно отворање на процесот со фер и чесно судење за 27 април е во интерес на вистината. Обновувањето на судскиот процес сигурно ќе донесе резултат кој ќе биде спротивен на очекувањата на оние што учествуваа во овој монтиран процес.

Имам задоволство да ве информирам дека високо ги цениме вашите упорни усилби за промоција на правната држава и владеење на правото, почитување на основното човеково право на фер судење пред независен и со закон воспоставен непристрасен суд, а не со фрлање во затвор на неистомисленици.

Драга амбасадорке, Македонија сака да види црна листа и за тие кои по задача гонеа и судеа за 27 април. Македонија сака да види ваша реакција за трасирање на демократски период кон повторно обновување на  судскиот процес за 27 април и со една поактивна улога да придонесете за фер судење во еден обвновен процес. Да бидам искрен, чуствителни сме околу молкот изразен од ваша страна за овие недоследности со осудите во САД и Македонија за ист кривично-правен настан иако во изминатите 30 години амбасадата на САД реагира за секое прашање вклучително и избор на лидери на партии и инсталирање на власт во Скопје.

Потенцирам дека осудените за 27 април на скоро 200 години затвор со лажен заштитен сведок во монтиран судски процес, не бараат милост, тука бараат правда. Моето обраќање до вас се темели врз едноставната правдина - фер и чесно судење.

Знам колку се овие прашања важни за вас и длабоко го ценам времето што ќе го употребите да ги разгледата моите размислувања.

  Со почит,

д-р Јанко Бачев, претседател на партијата Единствена Македонија