Угриновски: Власта е фатена во прислушување и давање документи за Македонци на Грчката служба, одговорност мора да има


18.07.2023 | 13:03:08 | Прес Конференции


Угриновски: Власта е фатена во прислушување и давање документи за Македонци на Грчката служба, одговорност мора да има

Прес конференција, Единствена Македонија
Драган Угриновски, член на Извршниот комитет
Скопје, четврток, 18 јули 2023 година

Почитувани,

Поминаа пет дена од скандалозните информации за постоењето на Нацрт-договор  меѓу Македонската шпионска агенција (ОТА) и Грчката шпионска служба за користење на нелегален софтвер за прислушување наречен -Предатор.

Единствена Македонија и народот со неверување слушнаат за постоење нелегален софтвер за прислушување што со други зборови значи директна потврда дека македонските шпионски служби се уште вршат нелегално прислушкување на политички противници во земјата.

Но, уште пострашно е што македонската шпионска служба ОТА под превезот за размена на пријателски информации, всушност праќала тајни документи за македонски граѓани до Грчката шпионска служба.

Ја користам приликата да повторам за случајот од 17 јуни годинава кога на членови на раководството на Единствена Македонија им беа изречени тригодишни забрани за влез откако пет часа бевме малтретирани со информативни разговори од цивилни агенти на грчките служби и што е најинтересно, практично ги знаеа сите детали околу патувањето на пошироката делегација на Единствена Македонија во Нивици, Беломорска Македонија по повод петгодишнината од т.н. преспански договор.

Ова не смее да помине нерасчистено. За таа цел, Единствена Македонија бара, прво, одговорност за лицата кои договарле со грчката шпионска служба користење на нелегален софтвер - Предатор и второ, колку и какви документи за македонски државјани има пратено македонската шпионска служба ОТА до Грчките тајни служби.

Но, наместо расчистување на овој скандал гледаме од власта заташкување на случајот. Единствена Македонија ветува дека одговорност за нелегално прислушување на политичките противници мора да има. И ќе има.

Благодарам,

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 18 јули 2023 година

Прес 24