Јакимовски: Го повикуваме Спасовски да го уапси Бектеши поради саботажа врз владата и државата


17.07.2023 | 14:53:50 | Прес Конференции


Јакимовски: Го повикуваме Спасовски да го уапси Бектеши поради саботажа врз владата и државата

Прес конференција, Единствена Македонија
Кристијан Јакимовски - Центар за комуникации на Единствена Македонија
понеделник, 17 јуни 2023 година

Почитувани,

-„Поминаа два дена од скандалозното признание на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за одбрана Славјанка Петровска дека министерот за економија Крешник Бектеши ги лажел во владата во врска со рудникот Иловица- Штука во Струмичкиот регион.

Односно, министерот Бектеши на седница на влада им кажал лажни информации во врска со одлуки на Управниот суд, врз основа на кои владата донела дозвола за рудникот.

Министерот Бектеши со ваквото противзаконско дејствие смислено го попречил и го довел во опасност правилното работење на владата. Ова е класична саботажа од министерот Бектеши против владата и државата.

Меѓутоа, изненадува однесувањето на министрите Оливер Спасовски и Славјанка Петровска кои плачат по медиуми дека министерот Бектеши ги лажел во владата, наместо да постапат во согласност со своите уставни и законски овластувања.

Дотолку повеќе, Спасовски и Петровска не се било какви министри, туку министри на луѓето во униформа, на полицијата и војската кои треба да го штитат редот и поредокот во државата.

Цела Македонија гледа дека министерот Бектеши ја лажел владата за рудникот. Народот чека акција, а од министерот на полицијата Спасовски - молк.

Затоа, го повикуваме Спасовски веднаш да реагира и да го уапси Бектеши за опасната саботажа против владата и државата, бидејќи само со плачање на Спасовски по медиуми можат да настапат тешко отстранливи последици врз Републиката.

Како и да е, Единствена Македонија ветува дека одговорност за саботажа врз владата и државата мора да има.

Благодарам,

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 17 јуни 2023 година

Медиуми:

Макфакс

Прес 24

Скопје инфо

МНет

Скопје

Утрински весник

Грид

Тајм