Единствена Македонија: Владата да одговори колку и какви документи праќала македонската шпионска агенција ОТА до Грчката шпионска служба


14.07.2023 | 13:13:13 | Соопштенија


Единствена Македонија: Владата да одговори колку и какви документи праќала македонската шпионска агенција ОТА до Грчката шпионска служба

Единствена Македонија со неверување ја проследи најновата информација за постоењето на Нацрт-договор  меѓу Македонската Оперативно техничка агенција (ОТА) и Грчката шпионска служба за користење на нелегален софтвер за прислушување наречен -Предатор. Со други зборови, ова е директна потврда дека македонските шпионски служби се уште вршат нелегално прислушкување на политички противници. Но, уште пострашно е што ОТА под превезот на размена на пријателски информации праќала тајни документи за македонски граѓани до Грчката шпионска служба.

Не е на одмет да повториме за случајот од 17 јуни годинава кога на членови на раководството на Единствена Македонија им беа изречени тригодишни забрани за влез откако пет часа беа малтретирани со информативни разговори од цивилни агенти на грчките служби и што е најинтересно, практично ги знаеа сите детали околу патувањето на пошироката делегација на Единствена Македонија во Нивици, Беломорска Македонија по повод петгодишнината од т.н. преспански договор.

Ова не смее да помине нерасчистено. За таа цел, Единствена Македонија бара, прво, одговорност за лицата кои договарле со грчката шпионска служба користење на нелегален софтвер - Предатор и второ, колку и какви документи за македонски државјани има пратено македонската ОТА до Грчките тајни служби.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 14 јули 2023 година