Јакимовски: Единствена Македонија ќе го подржи протестот на МПЦ на 29 јуни за заштита на семејството, верата и традицијата


26.06.2023 | 10:16:41 | Прес Конференции


Јакимовски: Единствена Македонија ќе го подржи протестот на МПЦ на 29 јуни за заштита на семејството, верата и традицијата

Изјава, Единствена Македонија
Кристијан Јакимовски - Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 26 јуни 2023 година

Почитувани,

Ја информираме јавноста дека Извршниот комитет на Единствена Македонија на синоќешната седница донесе одлука да го подржи протестот на Македонската православна Црква - Охридска Архиепископија за заштита на верата, традицијата и семејството во обидот за нивно искоренување со најавениот закон за родова еднаквост.

Единствена Македонија како партија споделува со МПЦ-ОА заеднички вредности втемелени врз традиционализмот, семејството, национален и религиски идентитет на нациите, правда, слобода и човечко достоинство.

Затоа, ги повикуваме членовите, симпатизерите, македонскиот народ и државјаните на Република Македонија да дојдат на протестот во борбата за достоинство, слобода и заштита на основните права.

Протестот против донесувањето на Законот за родова еднаквост ќе се одржи во четврток на 29 јуни пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје во 18:00 часот.

Ви благодарам,

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 26 јуни 2023 година