Бачев до Ковачевски и Мицкоски: Не се расправајте за содржината, треба отфрлање на германската декларација оти Македонците не се создадени со документ туку имаат длабок корен


23.06.2023 | 10:46:00 | Прес Конференции


Бачев до Ковачевски и Мицкоски: Не се расправајте за содржината, треба отфрлање на германската декларација оти Македонците не се создадени со документ туку имаат длабок корен

Изјава, Единствена Македонија
проф. д-р Јанко Бачев престедател на Единствена Македонија
Скопје, петок, 23 јуни 2023 година
 

Почитувани,

-„Единствена Македонија внимателно ги следи состојбите во врска со т.н. германска декларација за признавање на македонскиот идентитет и јазик и секојдневните препукувања што ги имаме меѓу Мицковски и Ковачевски во однос на оваа декларација.

Гледаме дека Мицковски и Ковачевски се расправаат за содржината на декларацијата. Но, содржината не е воопшто битна. Битно е да се каже дека на нас не ни требаат вакви декларации. Со овие декларации одиме на линијата на Бугарија и нејзините постојани тврдења дека Македонците се создадени со документ од страна на Коминтерната и од страна на поранешниот југословенски водач Јосип Броз Тито.

Ова е погрешно и искривено сфаќање, бидејќи Македонците имаат длабок и цврст корен во историјата, културата, јазикот, фолклорот, музиката...Затоа ова декларација треба да се осуди, а не да се расправаме околу нејзината содржина., Уште повеќе слушаме од марионетта Ковачевски дека ќе бара донесување на вакви декларации и од други земји - членки на Европската Унија.

Со овие декларации се негира тримилениумската македонска историја.

Затоа, Единстевна Македонија и македонскиот народ никогаш нема да прифатат искривување на општо познатите меѓународни факти во обидот Македонија да се претстави како некаква вештачка држава на местото на вистинските вештачки држави како што е Грција содадена од западот наменски и вештачки и Бугарија која што наменски е созадена од царска Русија“.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 23 јуни 2023 година