Атињаните не дозволија делегација на Единствена Македонија да отиде во Нивици, на Бачев изречено тригодишно протерување


18.06.2023 | 13:51:06 | Соопштенија


Атињаните не дозволија делегација на Единствена Македонија да отиде во Нивици, на Бачев изречено тригодишно протерување

Единствена Македонија реагира на вчерашната мерка на јужниот сосед за одбивање влез на граница на пошироката делегација на партијата која одеше во Нивици, Беломорска Македонија по повод петгодишнината од склучувањето на т.н преспански договор.

Откако членови на делегацијата повеќе од пет часа беше малтретрирани со информативни разговори од цивилни полициски службеници, на крај не беше одобрен влез.

Притоа, неосновано и спротивно на атинскиот закон за странци, на претседателот Бачев покрај одбивањето на влез му беше изречено тригодишно протерување. Но, најстрашно во целата ситуација е што не е издадено решение за протерување со наведување на конкретни причини од министерот за внатрешни работи на јужниот сосед кој е надлежен за вакви решенија, а кое решение подлежи на соодветна постапка (жалба и управна тужба) во смисла на директивите на ЕУ.

Вчера на граничниот премин Меџитлија-Ники беше поразена европската демократија и идејата за правна држава на ЕУ каде јужниот сосед е земја членка. Толку ли е силата на атињаните кои изразија уплашеност од настан во организација на Единствена Македонија во Нивици, Беломорска Македонија окупуиран во 1913 година?

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 18 јуни 2023 година

Макфакс

МНет

Утрински весник

Грид

Тајм