Угриновски и Тврдокорни се вратија во Матицата-Единствена Македонија, само сплотени и единствени ќе победиме во Битката за Македонија


11.06.2023 | 14:04:52 | Прес Конференции


Угриновски и Тврдокорни се вратија во Матицата-Единствена Македонија, само сплотени и единствени ќе победиме во Битката за Македонија

Согласно јавниот повик на Извршниот комитет на Единствена Македонија до сите сопартијци кои од разни причини не се повеќе во партијата, да се вратат во Матицата - Единствена Македонија, откако претходно речи сите основачи на партијата Родина која произлезе од Единствена Македонија се вратија во Единствена Македонија, денес, недела, 11 јуни 2023 и Македонското патриотско здружение „Тврдокорни“ се враќа во Матицата - Единствена Македонија.

Во изјава за јавноста Јанко Бачев и Драган Угриновски рекоа:

Јанко Бачев

Почитувани,

Како што е познато, Извршниот комитет на Единствена Македонија објави јавен повик до сите наши сопартијци кои од разни причини не се повеќе во партијата, да се вратат во Матицата - Единствена Македонија. Денес ми претставува големо задоволство да објавам дека нашиот сопартиец Драган Угриновски и здружението Тврдокорни се враќаат во Матицата - Единствена Македонија.

Продолжуваме заедно во Битката за Македонија. Не ни требаат нови партии. Ја имаме Единствена Македонија која секогаш е на првата линија во одбрана на националните и државните интереси. Единствена Македонија ќе биде посилна и пообединета од кога и да било досега.

Патем, не е на одмет да спомнам дека веќе имаше едно обединување кога речиси сите членови на една партија која произлезе од Единствена Македонија се вратија повторно во Матицата - Единствена Македонија.

Но, она што сакам особено да го потенцирам тука е дека вината за овие состојби во партијата не треба да ја бараме меѓу нас. Веќе знаете излезе во јавноста досието на тајната полиција со кодно име „Атлантик“ од кое се гледа дека тајната полиција правела сплетки, сценарија, интриги, со цел, да предизвика делби и поделби во Единствена Македонија. Фактички, Единствена Македонија уште од 2018 година во Битката за референдумот и против промена на уставот и името била на силен удар на тајната македонска полиција.

Но, тоа е веќе минато. Република Македонија преживува најтешки моменти од кога било досега. Целата држава ни е во заложништво и можеме да ја ослободиме само ако делуваме, единствени и сплотени, во одбрана на Татковината.

Ветувам дека ќе си ја вратиме државата назад. За таа цел, ќе ги поништиме сите антимакедонски договори и Македонија повторно ќе биде национална држава на македонскиот народ со гарантирана положба на малцинствата според меѓународното право. Но, ова претпоставува една претходна ситуација - соединување во Матицата - Единствена Македонија, а тому тоа го правиме денеска.

Браќа Македонци и сестри Македонки и сите државјани на Републкика Македонија. Ве повикувам да ни се приклучите во битката за унитара, демократска и економски просперитетна Македонија.

Секогаш во битката за Република Македонија. Секогаш на страната на Македонија.

Нека ни е  вечна Македонската држава!

Да ни е вечна партијата Единствена Македонија!

Драган Угриновски

Браќа Македонци и сестри Македонки,

Денешниот ден е голем ден за нас во Тврдокорни и за мене лично, што денеска се враќаме и обединуваме во Единствена Македонија. Мора да признаеме дека сите ние кои ја напуштивме партијата, на време согледуваме дека не ни требаат натамошни делби, туку ни треба единство и да се обединиме како Македонци.

За наша среќа, излезе во јавноста досието од кое се гледа дека тајната служба и власта свесно правела поделби и раздор во Единствена Македонија за да не раскараат. Но, сето тоа веќе излезе на виделина и продолжуваме таму кај што застанавме - Битката за Македонија и Македонците.

Јас сум секој ден на терен низ Татковината и ме радува фактот што и кај други наши сопартијци од други градови има голем интерес и желба за соединување во Единствена Македонија. Се враќаме во Единствена Македонија и сите соединети ќе ја биеме Битката за Македонија, заедно во Единствена Македонија.

Во ова многу битно време за Македонија и Македонците, ние македонските родољуби и патриоти кои досега целиот живот го посветуваме во одбрана на македонските интереси, денеска правиме уште еден голем чекор. Народе мој Македонски, бидете убедени дека заедно обединети во Единствена Македонија ќе успееме во нашата битка за одбрана на македонскиот народ и македонската држава.

Борбата за Македонија никогаш не запира.

Благодарам,

 

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 11 јуни 2023 година