Единствена Македонија до Ковачевски: Вразуми се, стави мораториум за ЕУ до следните избори и народот нека одлучи за бугарските барања


05.06.2023 | 13:37:01 | Соопштенија


Единствена Македонија до Ковачевски: Вразуми се, стави мораториум за ЕУ до следните избори и народот нека одлучи за бугарските барања

Цела Македонија гледа дека суштинските барања на Бугарија на патот на Македонија кон ЕУ се прифаќање на бугарските услови за бришење на македонската нација, јазик, историја и култура во замена за датум за преговори за членство во ЕУ.

Со ова, владата на СДСМ доживеа целосен дебакл на своите политики на надворешен план наспроти волјата на народот кој не прифаќа национално предавство. Исто така, сведоци сме на целосен дебакл и на внатрешен план земајќи предвид дека владата на СДСМ плива во беззаконие, непотизам, криминал и корупција.

Единствена Македонија го повикува Димитар Ковачевски да се вразуми и на шовинистички поход на Бугарија спрема македонскиот народ да одговори со привремен мораториум на преговорите за датум за членство во ЕУ до следните избори кога и да се одржат на кои народот нека одлучи  за иднината на земјата.

Единствена Македонија никогаш нема да ја предаде Македонија. Ќе ги поништиме антимакедонските договори. Македонија е нашата татковина. Македонија е нашиот дом. Онака како што се бориме за нашите домови, се бориме и за Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 05 јуни 2023 година