Единствена Македонија: За која интеграција во ЕУ, кое немање алтернатива и за кои европски вредности зборува СДСМ


04.06.2023 | 10:57:06 | Соопштенија


Единствена Македонија: За која интеграција во ЕУ, кое немање алтернатива и за кои европски вредности зборува СДСМ

Цел месец партијата СДСМ повторува исто соопштение за наводен избор меѓу интеграција во ЕУ или изолација, за наводни европски вредности и наводно немање алтернатива за иднината на земјата.

За која интеграција во ЕУ зборува СДСМ кога Брисел кажува дека нема план за проширување туку само план за реформи во земјите кандидати или со други зборови нема интеграција за Македонија во Унијата.

За кое немање алтернатива зборува СДСМ кога светот е многу поширок и не завршува до Брисел.

За кои европски вредности зборува СДСМ кога земјата плива во безаконие, криминал, корупција, непотизам и национално предавство.

Го повикуваме СДСМ да не се глупира на отворена сцена и престане да го вознемирува народот со безлични соопштенија во стилот на расипана стара грамофонска плоча.

Единствена Македонија ветува дека веќе после следните избори кога и да се одржат ќе знаеме за интеграција, за алтернатива и за вистинските вредности кои ги очекува и бара македонскиот народ и државјаните на Република Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 04 јуни 2023 година

Медиуми:

Макфакс

Прес 24

Утрински весник

МНет

Кајгана

Тајм

Грид