Единствена Македонија го поздравува Упатството на министерот за правда во графата националност да стои Македонец/Македонка


01.06.2023 | 11:06:27 | Соопштенија


Единствена Македонија го поздравува Упатството на министерот за правда во графата националност да стои Македонец/Македонка

Единствена Македонија го поздравува Упатството на министерот за правда во графата националност да стои Македонец/Македонка. Ова не е битно за другите малцинства кои не се оспорувани од никој, но, важно е за Македонците од најмалку три причини:

Прво, запишувањето на националност како Македонец/Македонка е во прилог на Македонците, посебно сега кога се брише се што е македонско.

Второ, во едно догледно време кога ќе се обноват постоечките лични документи тие би било силен индикатор за пребројување по националност, што е посебно значајно во услови кога албанското малцинство се прикажува преку фалсификувани пописи.

Трето, се спречува лажно претставување на националноста заради вработување според принципот на соодветна застапеност.

Веруваме дека не постојат Македонци кои не би сакале да се запишат како Македонец/Македонка. Но, изразуваме разочараност што одредени професори и парламентарни партии се противат на запишувањето на националноста во личните документи како Македонец/Македонка, ама не се бунат за „Северна“.

За Единствена Македонија ова е само преодно решение до поништувањето на т.н. преспански договор и враќањето во општа употреба на името - Република Македонија.

Ние сме Македонци и никако поинаку!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток 01 јуни 2023 година