Единствена Македонија до СДСМ и ДУИ: Зошто ги слушате ЕУ за се и сешто, а не ги слушате за незаконскиот и таен договор за Бехтел и Енка


28.05.2023 | 12:34:43 | Соопштенија


Единствена Македонија до СДСМ и ДУИ: Зошто ги слушате ЕУ за се и сешто, а не ги слушате за незаконскиот и таен договор за Бехтел и Енка

Единствена Македонија ја осудува дволичноста на владата на СДСМ и ДУИ спрема нивните партнери и пријатели од Европската Унија во однос на т.н. договор со Бехтел и Енка во „четири очи“ за фантастични 1,3, милијарди евра народни пари од буџетот.

ЕУ вели дека договорот со Бехтел и Енка е во спротивност со регулативата на ЕУ бидејќи е таен, ги игнорира правилата за јавни набавки и тендерски постапки и користењето на европско знаменце при носење на домашни закони. Но, спротивно на ова, власта на СДСМ и ДУИ во Собранието го турка проектот со автопатите и за таа цел брзопотезно и насилно усвојува повеќе закони.

Потсетуваме дека Единствена Македонија на 26 април поднесе Иницијатива до Уставниот суд за уставна оценка на т.н. закон за Бехтел и Енка токму поради повреда на уставните одредби околу слободата на пазарот и претприемништвото и забраната на монополската положба и монополското однесување на пазарот како клучни основи на стопанскиот систем. Иницијативата содржи и посебно барање за времена мерка  која е од итна природа за запирање на законот до донесувањето на конечна одлука, но од страна на Уставниот суд - тишина.

Како и да е, Единствена Македонија ги прашува СДСМ и ДУИ, зошто беспоговорно и понизно ги слушате ЕУ за се и сешто а не ги слушате кога ви велат дека договорот со Бехтел и Енка е незаконски и таен. Прашањето заслужува одговор бидејќи цела Македонија гледа голем грабеж на буџетски пари со договорот со Бехтел и Енка заради што ветуваме дека одговорност за 1,3 милијарди евра буџетски пари мора да има, и ќе има.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела 28 мај 2022 година