Централен комитет на Единствена Македонија: Емилија Гелева избрана за претседателка на Унијата на жени, започнува пререгистрацијата на партијата


14.05.2023 | 23:04:00 | Прес Конференции


Централен комитет на Единствена Македонија:  Емилија Гелева избрана за претседателка на Унијата на жени, започнува пререгистрацијата на партијата

Изјава, седница на Централниот комитет на Единствена Македонија
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Скопје, недела 14 мај 2023 година

-„Денеска на седницата на Централниот комитет на Единствена Македонија се донесени некоку одлуки, според мое мислење, како од значење за партијата така и за државата.

Централниот комитет донесе одлука за нова претседателка на Унијата на жени и лице кое ќе биде одговорно за надворешната политика да биде Емилија Гелева познат новинар и надворешно политички аналитичар.

 

Исто така донесена е одлука за пререгистрација на партијата, бидејќи согласно Законот за политичките партии, партиите се во обврска на секои 4 години да се пререгистрираат со 1.000 поединечно дадени изјави на нотар. Бидејќи во овој период нас ни истече четиригодишниот мандат од последната пререгистрација, денеска донесовме одлука за нова пререгистрација на партијата.

Исто така донесени се и неколку заклучоци во контекст на иднотот дејствување на партијата. Така, донесен е заклучок идниот конгрес на партијата да  се одржи некаде кон крајот на годината, донесен е заклучок околу натамошното ширење на партиската инфраструктура во смила што ќе бидат објавени неколку јавни огласи за избор на претседатели на општински комитети на партијата, се со цел да дадеме можност на секој кој сака да ни се приклучи во борбата за Македонија, да биде дел од нас.

Исто така, разговаравме и за можноста партијата да фомира интернет медиум, бидејќи како што е познато Единствена Македонија има целосна блокада од медиумите.

Исто така, не донесовме формална одлука, но расправаме и разменивме мислења и околу можниот иден настап на партијата на следните избори кои што треба да се одржат догодина. Во оваа насока сакав да го слушнам мислењето на членовите на Централниот комитет околу нашето идно изборно настапување следната година кога се очекува да има редовни парламентарни избори.

Исто така од аспект на државата можам да кажам дека од денеска направивме формална измена на Статутот на партијата, со што, нашата партиска определба за поништување на Договорот со Грција или попознат во јавноста како преспански договор станува статутарна одредба. Значи, ние и формално правно сме обврзани да го поништиме Договорот со Грција, со кој се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ. И во оваа насока нашата партиска определба која што е позната во јавноста, Македонија национална држава на македонскиот народ со гарантирана положба на малцинствата според меѓународното право, од денеска и наша статутарна определба.

На крај, да ги повикам сите во Република Макеоднија кои што сакаат да бидат дел од нас, да ни се приклучат, да ја продолжиме битката за Македонија и Македонците.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела 14 мај 2023 година