Седница на Централниот комитет на Единствена Македонија - еве ги одлуките


14.05.2023 | 16:47:00 | Соопштенија


Седница на Централниот комитет на Единствена Македонија - еве ги одлуките

Централниот комитет на Единствена Македонија како највисоко одлучувачки орган меѓу два конгреса, денес, недела 14 мај 2023 на редовна седница во седиштето на партијата во Скопје разгледа и донесе одлуки за повеќе прашања од својата надлежност:

Централниот комитет за претседателка на Унијата на жени на Единствена Македонија со нов мандат од 4 години и лице задолжено за надворешната политика ја избра Емилија Гелева новинар и надворешно политички аналитичар.

Централниот комитет донесе одлука за пререгистрација на партијата и за таа цел ги задолжи општинските комитети за собирање на најмалку 1.000 поединечно заверени изјави на нотар кои се доставуваат до надлежниот регистарски суд во контекст на обврската од Законот за политичките партии за пререгистрација на партиите на секои 4 години.

Централниот комитет донесе одлука за измени и дополнување на Статутот во смила на прифаќање на црвената боја како боја на партијата а партиските определби за Македонија национална држава на македонскиот народ со гарантирана положба на малцинствата според меѓународното право и поништувањето на Договорот со Грција со кој се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, стануваат статутарна определба.

Централниот комитет расправаше и за формирањето на Интернет медиум на партијата, околу тајмингот на следниот Конгрес, ширење и јакнење на партиската инфраструктура за што беа донесени и соодветни заклучоци.

На Централниот комитет со цел да се слушне мислењето се отвори расправа и околу изборното настапување на партијата на следните парламентарни и претседателски избори за што ќе започнат консултации меѓу членството како и дебата во органите и телата на партијата во однос на одлуката.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, 14 мај 2023 година