Јакимовски: Поминаа 5 дена откако обелоденивме за скандалозното предомислување во Врховниот суд за 27 април, институциите молчат


11.05.2023 | 12:03:34 |


Јакимовски: Поминаа 5 дена откако обелоденивме за скандалозното предомислување во Врховниот суд за 27 април, институциите молчат

Прес конференција, Единствена Македонија
Кристијан Јакимовски - Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 11 мај 2023 година

Почитувани,

-„Поминаа 5 дена откако обелоденивме за скандалозното предомислување во Врховниот суд по повод Барањето на осудените за 27 април за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, а одговор од институциите нема. Народот чека информација за шокантното однесување во Врховниот суд, а институциите молчат.

Да потсетиме, Единствена Македонија на 6 мај обелодени дека Одлуката на петчлениот судски совет на седницата од 26 април била за усвојување на Барањето и укинување на пресудите на Основниот и Апелациониот суд Скопје со што се отвора можност за ново судење за 27 април.

Но, со брзопотезното влијание кое дошло надвор од судската зграда, првичната одлука од 26 април се стопира и на седницата од 3 мај се носи одлука за одбивање на Барањето.

Ова е преседан во однесувањето на највисокиот суд. За првпат од 1945 година кога е основан Врховниот суд се расправа двапати на нејавна седница за ист предмет, на 26 април и 3 мај.

Дотолку повеќе, немало потреба од втора седница ако се знае дека пред одржување на нејавна седница се е разјаснето во смисла дека судијата известител го има изработено писмениот извештај кој им бил доставен на сите судии во советот со сите потребни списи најдоцна 8 дена пред денот на одлучување.

Така што, на седницата само се носи одлуката бидејќи судиите претходно веќе имаат оформено свое мислење и си носат одлука на 26 април, но, за жал, следува нов собир на судскиот совет на 3 мај.

Апелираме до марионетската влада, Таче и Али да излезат и да споделат се со јавноста. Случајот познат во јавноста како „27 април“ ја потресува целата јавност.

Цела Македонија знае дека марионетската власт во Скопје ги осуди лицата за 27 април со лажен заштитен сведок Ц1 преку непристоен пазар - осуда за 27 април во замена за судска функција.

Според логиката на политиката има осуда, според логиката на правото треба да има слобода и правда. Одговорност за неправено осудените за 27 април мора да има, и ќе има.

Благодарам,

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 11 мај 2023 година