Бачев на гробот на Делчев: Мора да издржиме во битката за Македонија, не му било лесно и на Гоце


04.05.2023 | 13:41:00 | Прес Конференции


Бачев на гробот на Делчев: Мора да издржиме во битката за Македонија, не му било лесно и на Гоце

Изјава, Единствена Македонија
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 4 мај 2023 година

-„Денеска дојдовме да положиме цвеќе и да го одржуваме жив споменот на Гоце Делчев, идеолог, водач, органзиатор или со еден збор срцето на македонското национално-ослободителното движење од крајот на IX и почетокот  XX век.

 

Оваа генерација Македонци има силна обврска да го продолжи идеалот на Гоце Делчев за слободна и независна Македонија, кој на овој ден пред 120 години храбро го положи животот за слободна и независна Македонија.

Меѓутоа, при моите бројни средби низ Републиката слушам дека луѓето биле уплашени како изговор да не се бориме. Некој се плашел за работното место, некој очекувал работа, некој очекувал разноразни дозволи и лиценци. Меѓутоа, едно да потсетам не му било лесно и на Гоце Делчев. Можел да си биде само учител, да не биде револуционер и да си седи дома. Меѓутоа, ако Гоце Делчев и неговата генерација се плашела, така ќе ја немаше Македонија.

Инспиративно е делото на Гоце Делчев и неговата жртва за слободна и независна Македонија. Можам да се заветам од ова место дека ние како Единствена Македонија никогаш нема да го предадеме идеалот на Гоце Делчев.

Гоце еднаш беше предаден за време на животот. Сега гледаме сакаат да го предадат и за време на смртта од една марионетска влада во Скопје која што сака да го подари на една туѓа држава. Гоце Делчев е столбот на македонското револуционерно движење. Тој е нашиот идеал. Нашата инспирација. Гоце Делчев беше и останува Македонец. Нека е жив споменот на Гоце Делчев! Нека ни се вечни Македонија и Македонците - потенцираше Бачев

 

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 4 мај 2023 година