Единствена Македонија: Има ли храброст марионетската власт да ја испита вмешаноста на Талат Џафери за масакрот во Вејце


29.04.2023 | 14:54:45 | Соопштенија


Единствена Македонија: Има ли храброст марионетската власт да ја испита вмешаноста на Талат Џафери за масакрот во Вејце

При вчерашното одавање почит на загинатиет бранители во Вејце, претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев во својата изјава меѓу другото посочи и на вмешаност на Талат Џафери. Претседателот Бачев се повика на документ во МВР од кој може да се видат нарачателите и извршителите, таа терористичко-диверзантска група како е обучувана на Косово и е пратена тука да го изврши масакрот кај Вејце и вмешаност на Талат Џафери.

Денес ја информираме јавноста дека се работи за документ - Информација на македонската тајна полиција до министерот во МВР за громорозното убиство во с. Вејце заведен под ев. број 470 од 13 неовмри 2001, во кој детално се опишани учесниците во терористичката група кои масакрираа осум бранители и вмешаноста на Талат Џафери во контекст на фатените сигнали од негов разговор помеѓу лицата од касарната во Тетово и терористичкаа група која ги чекала во заседа бранителите после нивнотот тргнување на доверените задачи.

Единствена Македонија прашува, дали марионетскатат власт во Скопје има храброст да го испита ѕверското убиство кај Вејце. Во спротивно, ветуваме дека новата народна власт со национална и патриотска определба целосно ќе го расветли сомнителнсото загинување на бранителите кај Вејце како и за сите бранители во воената 2001 година.

Дотолку повеќе, Македонците, роднините, семејствата и пријателите на загинатите многу повеќе ги боли тоа што не ја знаат вистината за погибијата на бранителите. Мора да ја расветлиме контроверзната смрт на бранителите оти не може да гледаме напред ако минатото не прогонува, ако не прогонува контроверзната смрт на македонските бранители.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 29 април 2023 година