Единствена Македонија им одаде почит на бранителите кои загинаа кај Вејце - во случајот вмешан и Талат Џафери


28.04.2023 | 21:45:24 | Соопштенија


Единствена Македонија им одаде почит на бранителите кои загинаа кај Вејце - во случајот вмешан и Талат Џафери

Делегација на Единствена Македонија предводена од претседателот Јанко Бачев придружуван од Ацо Николовски, проф, д-р Вангел Симев и Томе Димишковски, денес, петок, 28 април 2023 им одаде почит на бранителите кои загинаа кај Вејце.

Пред дваесет и две години на денешен ден беа ѕверски убиени во еден од најкрвавите и најбрутални масакри во поновата македонска историја. Осум македонски бранители кај Вејце го положија животот во одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на државата.

Од околу 80 македонски бранители кои загинаа во Татковинската војна, речиси на прсти можат да се избројат тие што загинаа во директна борба со албанските терористи и речиси сите загинаа во заседа. Интересно е што во македонското министерство за внатрешни работи има документ од кој што може да се види кој се нарачателите и извршителите, таа терористичко-диверзантска група како е обучувана на Косово и е пратена тука да го изврши масакрот.

Дури, и за собранискиот спикер Талат Џафери фатени се негови сигнали од касарната во Тетово како го прикажува движењето на бранителите на терористичката ОНА.

Затоа, ова мора да се расветли и новата народна власт ќе мора да ја расветли контроверзната смрт на македонските бранители во 2001 година. Дотолку повеќе што, за сите нас како  Македонци, а посебно за роднините, семејствата и пријателите на загинатите многу повеќе ги боли тоа што не ја знаат вистината од погибијата на своите најмили. Мора да ја расветлиме контроверзната смрт на македонските бранители, бидејќи, не можеме да гледаме напред ако минатото не прогонува, ако не прогонува контроверзната смрт на македонските бранители.

Македонските херои никогаш не умираат!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 28 април 2023 година

Прес 24