Единствена Македонија: 27 април е светол датум во поновата македонска историја, одговорност за неправедно осудените мора да има


27.04.2023 | 12:25:53 | Соопштенија


Единствена Македонија: 27 април е светол датум во поновата македонска историја, одговорност за неправедно осудените мора да има

27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја. Македонски патриоти на 27 април влегоа во собранието со силна верба дека го бранат уставниот поредок, а не да нападнат лица.

На 27 април било кој да беше на местото на нападнатите ќе се случеше истото, бидејќи, претходно се создаде атмосфера дека е загрозен уставниот поредок. Ова на своевиден начин е потврдено при давањето на мандат за состав на влада на марионетата Зоран Заев, бидејќи тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов бараше гаранции токму за она за што сега се осудени лицата за 27 април, со што и претседателот ја потврди општествената опасност.

На 27 април осудени се лица по петнаесетина години затвор. Зошто? Биле терористи. НЕ! Фрлени се во темните затворски зандани само поради неизмерната љубов кон Татковината.

Во 2001 година имаше слобода за припадници на албанското малцинство за напад на територијалниот интегритет и суверенитет на државата. Сега имаме спротивна ситуација, бараме слобода на лица кои влегоа со силна верба дека го бранат уставниот поредок.

Единствена Македонија како и македонскиот народ знае дека марионетската власт во Скопје ги осуди лицата за 27 април со лажен заштитен сведок Ц1. Одговорнот за неправедно осудените за 27 април мора да има, и ќе има.

Центар за комуникации на Единствена Македонија 
Скопје, четврток, 27 април 2023 година

Опсервер

Прес 24

Тајм