Единствена Македонија: Од денес бидете внимателни, полицајците на Фронтекс можат да убивата, тепаат...и не одговараат оти имаат кривичен имунитет


20.04.2023 | 10:32:15 | Соопштенија


Единствена Македонија: Од денес бидете внимателни, полицајците на Фронтекс можат да убивата, тепаат...и не одговараат оти имаат кривичен имунитет

Денес марионетската власт во Скопје на помпезна свеченост бомбастично го најави официјалниот почеток на заедничката операција ФРОНТЕКС и доаѓањето и распоредувањето на странски полициски службеници, патролни возила и специјална  опрема на територијата на Република Македонија.

По тој повод, Единствена Македонија апелира до народот од денес да биде внимателен до доаѓањето на новата народна власт. Според Договорот за ФРОНТЕКС странски полицајци наоружани ќе вршат контроли по Македонија. Ќе имаат канцеларии по Макеоднија и можат да користат податоци за секој од нас од македонската база на податоци. И најстрашното: овие параполициски сили со договорт уживаат целосен имунитет од кривична постапка. Во превод, ова значи дека може да пукаат, убиваат, да тепаат...и нема да одговараат пред македонските органи а единствената „казна“ е да бидат вратени во нивните матични земји.

Единствена Македонија потсетува дека вакви дрогирани и пијани странски сили со високи плати кои своевремено правеа лом по Македонија, убија дури и македонски министер а немаше одговорност. Поточно, целата одговорност за убиството на министерот, неговата сопруга и ќерка беше враќањето на сторителот во неговата матична земја каде беше осуден на условна казна.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 20 април 2023 година

Нетпрес

Тајм

Независен