Единствена Македонија до Рубин и власта во Скопје: Погрешна ви е адресата, злонамерно влијание има од НАТО, а не од Русија


12.04.2023 | 12:42:44 | Соопштенија


Единствена Македонија до Рубин и власта во Скопје: Погрешна ви е адресата, злонамерно влијание има од НАТО, а не од Русија

Единствена Македонија реагира на изјавите на специјалниот американски претставник Џејмс Рубин и марионетската власт во Скопје дека просторот во Македонија е сериозно „затруен“ од руски дезинформации.

За кои руски дезинформации зборуваат кога 30 години Македонија е заложник на погубното влијание на НАТО земјите и силните пари во стотици милиони евра на ЦИА, Сорос... со кои во изминатите 30 години се купуваат и контролираат властите во Македонија за да служат верно, а на штета на Македонија и Македонците.

Единствена Македонија со жалење констатира дека Џејмс Рубин и марионетската власт во Скопје сериозно ги испомешале работите, бидејќи спомнуваат погрешна адреса, земајќи предвид дека злонамерното влијание во Македонија доаѓа од НАТО, а не од Русија.

Русија не го доведува во прашање територијалниот интегритет, суверенитет и унитарноста на Македонија, името и идентитетот на македонскиот народ, а рускиот претседател Путин на отворена сцена изјави дека писменоста доаѓа од Македонија.

НАТО се залага за територијално редефинирање на Македонија, рекомпонирање на политичкиот систем, промена на името и идентитетот на македонскиот народ.

Оттука, оставаме на секој нормален човек да изгради сопствено лично убедување, кој има злонамерно влијание во Македонија - НАТО или Русија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 12 април 2023 година