Единствена Македонија: Недозволива закана на министерот за правда кон судиите за укинување на пресудата за наводните организатори за 27 април


05.04.2023 | 14:19:13 | Соопштенија


Единствена Македонија: Недозволива закана на министерот за правда кон судиите за укинување на пресудата за наводните организатори за 27 април

 

Единствена Македонија силно ја осудува вчерашната реакција на Министерството за правда предводено од министер од албанското малцинство со кое бара Судскиот совет да реагира со постапка вклучувајќи и дисциплинска само затоа што Апелациониот суд ја укина првостепената пресуда со која се осудени лица за непостоечкото дело терористичко загрозување на уставниот поредок на Република Македонија.

Ваквиот притисок на извршната врз судската власт е незамисливо и недозволиво во една демократско опшество каде темелна вредност е поделба на власта на судска извршна и законодавна.

Цела Македонија гледа дека наводните организатори и извршители во случајот за 27 април се неправедно и наменски гонети и осудени со непристоен и срамен пазар -  осуда во замена за функција за Вилма Русковска и Добрила Кацарска.

За Единствена Македонија нема дилема. Ветуваме дека за новата легална и народна власт која доаѓа, антимакедонските провокоации ќе бидат минато.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 5 април 2023 година