Единствена Македонија: Новиот сојуз на Бујар Османи со Косово и Албанија КВАД 100% е опасна антимакедонска авантура


31.03.2023 | 11:29:25 | Соопштенија


Единствена Македонија: Новиот сојуз на Бујар Османи со Косово и Албанија КВАД 100% е опасна антимакедонска авантура

 

Единствена Македонија и македонскиот народ изразуваат длабока вознемиреност и загриженост од најновата иницијатива на марионетата Бујар Османи за воено-политичко поврзување меѓу Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора насловено како КВАД 100%.

Ова е уште една потврда дека марионетата Османи како министер во македонска влада многу повеќе се грижи за интересите на Албанците отколку за интересите на Македонија и Македонците.

Ја предупредуваме марионетската власт во Скопје дека оваа иницијатива за формирање некаков КВАД 100% е опасна антимакедонска авантура со штетни последици за македонските национални и државни интереси.

Не е спорно дека треба да се развива билатералната соработа на било кој план и со било која соседна држава, но, вакво политичко и безбедносно поврзување со едни соседни држави може да има штетни последици за Републикa Македонија во односите со други соседни држави и пошироко.

Единствена Македонија ветува дека никогаш нема да ги предаде националните и државните интереси и за таа цел ќе работи на поништување на антимакедонските договори вклучително и овој де факто албански сојуз „Отворен Балкан 2“.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 31 март 2023 година