Единствена Македонија: Доколку власта го измени уставот за Бугарите, влез и на Русите, Белорусите, Украинците, Чесите, Словаците, Полјаците и Словенците во Уставот


15.03.2023 | 15:09:48 | Прес Конференции


Единствена Македонија: Доколку власта го измени уставот за Бугарите, влез и на Русите, Белорусите, Украинците, Чесите, Словаците, Полјаците и Словенците во Уставот

Прес конференција, Единствена Македонија
Кристијан Јакимовски - Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 15 март 2023 година

Почитувани,

Пред два дена ја запознавме јавноста со одлуката на Извршниот комитет на Единствена Македонија за поведување на Иницијатива за влез на Русите, Белорусите, Украинците, Чесите, Словаците, Полјаците и Словенците во македонскиот Устав, доколку марионетската власт во Скопје обезбеди двотретинско мнозинство за измена на Уставот, со цел, влез на Бугарите во македонскиот Устав.

Денес ја информраме јавноста дека Извршниот комитет на синоќешната седница формира работна група која ќе ги изготви потребните уставни амандмани за влез и на овие националности во Уставот, а кои детално ќе ги образложиме во фазата на изготвување на Нацрт на евентуална измена на Уставот.

Ваквата определба на Единствена Македонија тргнува од историската вистина која базира на историски извори на научна основа дека Македонија е Мајка на сите словенски народи кои тргнале од Македонија во населувањето на денешните територии каде живеат и оттука, најприродно право на Македонија е да ги вметне во уставот народите кои основата ја имаат во македонскиот народ.

Според досегашните пописи, овие националности живеат во Република Македонија а уште отсега сме сигурни дека ова би било неспорно за македонскиот народ, за разлика од влезот на Бугарите кое предизивикува големи контроверзи во јавноста.

За крај, Единствена Македонија потсетува на својот став од 24 јули 2021 дека доколку Бугарите се внесат во Уставот, мора и Македонците да бидат внесени во бугарскиот устав во согласност со меѓународно правно признатиот-принцип на реципроцитет.

Сосема за крај, ја реафирмираме една од нашите темелни определби дека Единствена Македонија доколку ја добие довербата на народот ќе направиме измена на уставот, со цел, конституирање на Република Македонија како национална држава на македонскиот народ со гарантирана положба на малцинствата според меѓународното право, како што, впрочем, се уредени современите држави во Европа и светот.

Ви благодарам,

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, 15 март 2023 година

Нетпрес 

Тајм

">Канал Јутуб