Единствена Македонија: По примерот за албанските случаи, новиот министер за правда да бара ново судење и за 27 април


10.03.2023 | 14:05:26 | Соопштенија


Единствена Македонија: По примерот за албанските случаи, новиот министер за правда да бара ново судење и за 27 април

Новиот министер за  правда од албанското малцинство продолжува со старата практика на претходни министри - Албанци да реагираат само за случаи во корист на Албанци. Уште не седнат во фотелјата, синоќа најави преиспитување на судски одлуки во кои се инволвирани само Албанци, а за неправедно осудени Македонци, како на пример, случајот „27 април“ - молк.

Ова е уште една потврда дека прави голема грешка секој оној што мисли дека бројните функционерски привилегии што ги добиваат Албанците ќе предизвикаат кај нив однесување во интерес на народот и државата.

Ваквото во основа антидржавно и антимакедонско постапување, законите да важат за сите, но не и за албанците, мора да престане.

Единствена Македонија и македонскиот народ ќе бидат силно изненадени во позитивна смисла доколку новиот министер за правда не демантира и се одважи да бара ново и фер судење и за неправедно осудените за 27 април.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 10 март 2023 година

Макфакс

МТМ

М-нет

Утрински весник

Тајм

Грид