Единствена Македонија: Зошто Бујар Османи молчи и не праќа протесна нота до Грција за нападот врз Никодим Царкњас


06.03.2023 | 14:19:03 | Соопштенија


Единствена Македонија: Зошто Бујар Османи молчи и не праќа протесна нота до Грција за нападот врз Никодим Царкњас

Единствена Македонија најостро го осудува нападот врз Отецот Никодим Царкњас во Грција само затоа што изјавува дека е Македонец и кој со децении се бори за заштита на Македонците во Беломорска Македонија.

Да потсетиме, Отецот Царкњас лани на 26 октомври по повод празникот Св. Великомаченичка Злата Мегленска во С’ботско, Егејска Македонија одржа историска божествена литургија на македонски јазик во единствениот Македонски православен храм во Егејска Македонија. На настанот иако беше поканет државниот врв во Македонија и позициски и опозициски партии, не се одзва никој на повикот, а на литургијата во С’ботско беше само делегација од Единствена Македонија.

Загрижува фактот што министерот во МНР Бујар Османи молчи за овој вандалски и кукавички напад врз 81 годишен човек само затоа што гордо изјавува дека е Македонец. Сведоци сме како Бујар Османи ревносно реагира по повод слични настани кога се во корист на Албанија, Косово и Бугарија.

Единствена Македонија го повикува Османи да се одважи и да реагира со протесна нота до Грција за нападот врз Отецот Никодим Царкњас.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник 6 март 2023 година