Јакимовски: По 14 години од нашиот закон во Собранието за укинување на апанажата, Уставниот суд делумно ја укина


03.03.2023 | 11:21:52 | Прес Конференции


Јакимовски: По 14 години од нашиот закон во Собранието за укинување на апанажата, Уставниот суд делумно ја укина

Прес конференција, Единствена Македонија
Кристијан Јакимовски - Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 4 март 2023 година

Почитувани,

Повод за денешната прес конференција е одлуката на Уставниот суд за делумно укинување на апанажата за функционери кои си поднеле оставка или се разрешени од функцијата.

Да потсетиме, Единствена Македонија уште на 25 август 2009 година поднесе во Собранието Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци за избрани и именувани лица, со што се овозможува кратење на функционерските привилегии по престанок на манадатот.

Ова е нашиот предлог закон поднесен во Собранието уште во 2009 година. Ова е повратното известување од тогашниот собраниски претседател Трајко Вељановски дека нашиот закон им е поделен на пратениците.

Но, 14 години нашиот закон остана закочен во Собраниските фиоки.

После 14 години од поднесувањето на предлог-законот на Единствена Македонија во Собранието за целосно укинување на апанажата, добро е што тргна процесот со одлуката на Уставниот суд, иако со одлуката на судот делумно се укинува апанажата само за функционери на кои предвреме им престанала функцијата. Крајно неморално, нечесно и неправедно беше апанажа да земаат дури и функционери на кои предвреме им престанала функцијата поради обвинување или осуда за кривични дела или разрешени поради нестручно и несовесно работење.

Но, иако Уставниот суд само делумно ја укина апанажата, нашата борба продолжува до целосно усвојување на нашиот закон за целосно укинување на апанажата.

Секој функционер без разлика дали остварил цел мандат или предвреме му престанала функцијата, како дошол на функција така треба и да си замине. Ако бил невработен, по функцијата си останува невработен ако бил вработен се враќа на старото работно место. 

Нема никаква морална и човечка логика функционерите после престанок на функцијата и понатаму да земаат плата од буџетот уште цела една година како апанажа, а ништо да не работат.

Почитувани присутни,

14 години нашиот закон е закочен во Собранието.  14 години пратениците во Собранието се расправаат за се и сешто, а за нашиот закон за укинување на апанажата - целосен молк.

Како и да е, доколку народот ни ја даде довербата, новата легална и народна власт на Единствена Македонија е гарант и ветува целосно укинување на скандалозните функционерски привилегии за бесмилосно трошење на народни пари и непотребното луксузирање врз грбот на даночните обврзници.

Ви благодарам,

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 04 март 2023 година