Бачев: Нема прочка за тие што извршија национално злосторство со промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ


26.02.2023 | 21:31:28 | Соопштенија


Бачев: Нема прочка за тие што извршија национално злосторство со промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ

Честитка, Единствена Македонија
проф. д-р Јанко Бачев, престедател на Единствена Македонија
Скопје, недела, 26 февруари2023 година

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев упати честитка за празникот Велики поклади-Прочка

„Во мое лично име и во име на Единствена Македонија на сите православни верници им го честитам празникот Велики поклади - Прочка.

Смислата на денешниот празник е благородна и човечка, бидејќи простувањето е голема човекова особина. Да простуваме и да ни биде простено бидејќи сите ние имаме свои слабости и грешки.

Но, нема простување за тие кои извршија национално злосторство врз Македонија и Македонците со бришење на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ. Одоговорност мора да има, и ќе има.

Ние Македонците кои ја сакаме Македонија, наспроти тие што ја мразат Македонија, да продолжиме по патот на нашата света должност да си ја вратиме државата назад како национална држава на македонскиот народ со гарантирана положба на малцинствата според меѓународното право.

Нека е честит празникот Велики поклади - Прочка. Нека е за многу години - вели во честитката претседателот Бачев.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 26 февруари 2023 година