Јакимовски: Во Собранието кавги за се и сешто а 15 години го кочат нашиот закон за укинување на патните трошоци и пратениците да одат на работа со автобус


26.02.2023 | 16:21:58 | Прес Конференции


Јакимовски: Во Собранието кавги за се и сешто а 15 години го кочат нашиот закон за укинување на патните трошоци и пратениците да одат на работа со автобус

Прес конференција, Единствена Македонија
Кристијан Јакимовски - Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, 26 февруари 2023 година

Почитувани,

Десет дена во Собранието слушаме жестоки пратенички кавги кој бил поголем криминалец во изминатите 30 години. Од друга страна, велат дека пратениците се избрани претставници кои работат во интерес на народот.

Меѓутоа, за жал, македонските пратеници работат многу повеќе за сопствениот интерес.

Пред неколку дена, повторно, како и во изминатите години слушнавме за големи суми кои пратениците ги поделиле за патни трошоци. Еве, лани, пратениците земале околу 400.000 евра за патни трошоци.

Затоа, на денешната прес конференција го реафирмираме нашиот предлог за укинување на надоместокот за користење на приватни автомобили и на тој начин пратениците да доаѓаат во Скопје со автобус.

Пратениците наместо да вршат злоупотреби со патни трошоци со поднесување на фиктивни сметки во Собранието, да користат автобуски превоз до работа.

Сакам да ја потсетам јавноста дека Единствена Македонија уште на 25 август 2009 година под ев.број 3699/1 поднесе до собранието Предлог - Закон за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица.

Со нашиот предлог-закон доставен до Собранието побаравме укинување на надоместокот на трошоци за користење на автомобил во лична сопственост.

Ова е нашиот предлог закон поднесен во Собранието.

Тогашниот собраниски претседател Трајко Вељаноски само два дена по поднесувањето, односно на 27 август 2009 година, повратно не извести дека нашиот предлог веднаш им е поделен на пратениците. Но, за жал, нешто се случи во меѓувреме, и предлог законот остана закочен во собраниските фиоки до денешено време.

Ова е повратното известување од тогашниот собраниски претседател Трајко Вељановски.

Почитувани присутни,

Пратениците како народни избраници имаат морална обврска да ги укинат своите привилегии. За Единствена Македонија е несфатливо како може пратеничките привилегии да останат нечепнати во време на криза.

Единствена Македонија се надева дека ќе проработи совеста на пратениците со тоа што ќе го прифатат нашиот предлог со кој се спречува бесмилосно трошење на народните пари и непотребно луксузирање на пратениците врз грбот на даночните обврзници.

Ви благодарам,

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 26 февруари 2023 година