Единствена Македонија: За која заштита на македонскиот јазик зборува Ковачевски кога со преспанскиот договор ја разбија неговата целовитост


22.02.2023 | 12:49:13 | Соопштенија


Единствена Македонија: За која заштита на македонскиот јазик зборува Ковачевски кога со преспанскиот договор ја разбија неговата целовитост

Вчера по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во Македонија вест број еден беа големите пораки на Ковачевски и владини министри за глумење на одлучност за негување и чување на македонскиот јазик.

Велиме владино глумење и со право. Да ја потсетиме јавноста дека токму власта на СДСМ со Договорот со Грција го направи спротивното и удри врз македонскиот јазик со разбивање на неговата целовитост.

Со Договорот, ние Македонците во Република Македонија сме Северномакедонска словенска нација, односно, Македонци (Словени) со свој ПОСЕБЕН јазик, а Македонците во Егејска Македонија се антички/грчки Македонци со свој ПОСЕБЕН јазик иако неспорен историски факт е дека се работи за ИСТИ Македонци со ИСТ македонски јазик кои со поделбата на Македонија со Букурештанскиот договор од 1913 година се поделени меѓу Грција, Србија и Бугарија.

Но, добрата работа е што Договорот со Грција е ништовен и било која идна власта со национална и патриотска определба може да поведе постапка за негово поништување и лишување од правно дејство.

Во овој контекст, основите и постапката за поништување на Договорот се истражувани и обработени во новата книга на претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев насловена како „Меѓународно-правните основи и постапката за поништување на Договорот меѓу Македонија и Грција.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 22 февруари 2023 година