Мирјана Мирчевски избрана за претседателка на Општинскиот комитет на Единствена Македонија Битола


18.02.2023 | 19:57:00 | Соопштенија


Мирјана Мирчевски избрана за претседателка на Општинскиот комитет на Единствена Македонија Битола

Согласно одлуката на Извршниот комитет на Единствена Македонија за избор на претседатели во сите општински комитети на партијата со нов мандат од 4 години во смисла на член 37 од Статутот на партијата, вечерва во Битола, сабота, 18 февруари 2023 година, за претседателка на Општинскиот комитет Битола е избрана Мирјана Мирчевски. 

Единствена Македонија е најсилната партија вон блоковите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и последната надеж за Македонија, македонскиот народ и државјаните на Република Македонија.

Продолжуваме да бидеме отворени за секој со желба за политички активизам и борба, посебно сега кога Македонија преживува најтешки моменти од кога било досега. 

Приклучи се на Единствена Македонија и биди на правата страна на историјата.  Непријателите на македонското дело силно ќе бидат изненадени од успехот на Единствена Македонија на следните избори.

Ние го правиме долгоочекуваниот чекор. На потег е народот. Продолжуваме, со народот за Македонија!

Приклучи се на Единствена Македонија!  
Единствена Македонија - Цела Македонија!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Битола, 18 февруари 2023 година