Единствена Македонија до Пендаровски: За кое положување на испит на роденденот на Гоце зборуваш кога власта избега од народот


07.02.2023 | 10:45:48 | Соопштенија


Единствена Македонија до Пендаровски: За кое положување на испит на роденденот на Гоце зборуваш кога власта избега од народот

Стево Пендаровски на средбата со унгарската претседатела Каталин Новак за настанот на 4 февруари по повод 151 година од раѓањето на Гоце Делчев вели: “државата сосема до крај стопроцентно го положивме испитот и покажавме како една сериозна европска држава треба да се однесува“...

Единствена Македонија прашува како може да е положен испитот кога Стево Пендаровски,  Димитар Ковачевски, Оливер Спасовски...избегаа од народот и сабајлечки по заобиколени патишта сами и без народ  беа на гробот на Гоце Делчев.

Пендаровски знае или би требало да знае дека во сериозни европски држави, власта не бега од народот туку заедно со народот е на одбележувањето на важни настани од национално и државно значење.

Со вакви недоветни изјави Стево Пендаровски ја срами Македонија пред странски претседатели. Ова лудило мора да престане. Нека дојде нова народна власт по изборите кога и да се одржат и нека направи проблемот со недостаток на патриотски и државнички капацитет како наследство на марионетската власт на СДСМ, да биде проблем на минатото.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник 7 февруари 2023 година