Бачев упати телеграма со сочуство до Реџеп Таип Ердоган и Башар ал Асад за жртвите од земјотресот


06.02.2023 | 16:47:18 | Соопштенија


Бачев упати телеграма со сочуство до Реџеп Таип Ердоган и Башар ал Асад за жртвите од земјотресот

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев денес упати телеграма со сочуство до Реџеп Таип Ердоган и Башар ал Асад за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија.

-“ Изразувам најдлабоко сочуство до семејствата на загинатите, претседателите Реџеп Таип Ердоган и Башар ал Садад и турскиот и сиријскиот народ за жртвите од страшниот земјотрес кој погоди неколку области и провинции во Република Турција и Сиријската Арапска Република. На повредените им посакувам брзо закрепнување.

Немам зборови да искажам тага и болка за ужасната вест за илјадници загинати во земјотресот. Но, во овие тешки моменти Македонскиот народ како докажан пријател на вашите нации, стои рамо до рамо со вас, дотолку повеќе, Република Македонија никогаш нема да го заборави исклучително пријателскиот чекор на Турција и Сирија со нашето признавање под името - Република Македонија и особено што во нашите повеќе од 30 години сувереност, Македонскиот народ е особоено благодарен на Турција и Сирија за почитување на нашето име, идентитет, историја, традиција, територијален интегритет, суверенитет и унитарност“.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 6 февруари 2023 година