Единствена Македонија до Спасовски: Срамна е твојата наредба на овој голем ден полицијата да не проверува со рачни детектори за оружје


04.02.2023 | 16:19:20 | Соопштенија


Единствена Македонија до Спасовски: Срамна е твојата наредба на овој голем ден полицијата да не проверува со рачни детектори за оружје

За Единствена Македонија и македонскиот народ голема беше радоста да се поклониме пред гробот на Гоце Делчев по повод 151 година од раѓањето на големиот македонски револуционер, идеолог, водач.

Но, ова што денес се случуваше е голем срам. На овој голем ден со наредба на полицискиот министер Спасовски присутните и делегацијата на Единствена Македонија предводена од претседателот Бачев мораше да поминува покрај три полициски барикади до гробот на Гоце и најстрашното, да биде проверувана од полициски службеници со рачен детектор за откривање на оружје.

 

Да потсетиме, марионетата Спасовски пред два дена нареди претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев да биде однесен и на разговор во полициска станица.

Ова лудило мора да престане. Нека дојде нова народна власт по изборите кога и да се одржат и нека направи проблемот со недостаток на патриотски и државнички капацитет како наследство на марионетската власт на СДСМ, да биде проблем на минатото.

 

 

 

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 4 февруари 2023 година