Делегација на Единствена Македонија предводена од претседателот Јанко Бачев се поклони пред гробот на Гоце Делчев


04.02.2023 | 14:45:49 | Соопштенија


Делегација на Единствена Македонија предводена од претседателот Јанко Бачев се поклони пред гробот на Гоце Делчев

Делегација на Единствена Македонија денес по повод 151 година од раѓањето оддаде почит пред гробот на Гоце Делчев. Во изјава за јавноста претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев истакна:

 

-„Денеска дојдовме да се поклониме претд гробот на македонскиот херој Гоце Делчев, идеолог, водач, организатор, со еден збор срцето на македонското национално народно-ослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век.

Сите ние имаме обврска да го продолжиме идеалот на Гоце Делчев за слободна и независна Македонија, дотолку повеќе што, денес државата ни е окупирана од надворешни и внатрешни непријатели, од марионетска власт која брише се што е македонско. Затоа, обврската наша како Македонци,  на оваа генерација Македонци е многу голема.

Не му било лесно и на Гоце Делчев. Тој бил учител. Можел да си биде само учител да не биде револуционер, да не оди во планините, да си седи дома. Меѓутоа, ако беше така ќе ја немаше Македонија.

Затоа, за сите нас инспиративно е неговото дело, инспиративна е неговата жртва која ја даде за слободна и независна Македонија.

Ние во Единствена Макеоднија ветуваме, се заветуваме дека никогаш нема да ги предадеме идеалите за Гоце Делчев. 

Гоце Делче еднаш беше предаден за времне на животот. Ние во никој случај нема да дозволиме повторно да биде предаден и за време на смртта. Гоце Делчев е столбот на македонското револуционерно движење. Тој е нашиот идеал. Нашата инспирација. Гоце Делчев беше и останува Македонец“ - потенцираше Бачев.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 4 февруари 2023 година